Ракометниот клуб на Партизан предводен од Раул Гонзалес не помина најдобро на премиерниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите против силниот Фуксе Берлин, загуби со 33-44.
Партизан станува сериозен ракометен проект, но така не изгледаше на денешниот меч против германскиот Фуксе Берлин.
Момците на Раул Гонзалес одиграа пред се лошо во одбраната, во првото полувреме примија 23 голови, во вториот дел 21 гол.
Фуксе Берлин многу рано во мечот создаде позитива која само ја зголемуваше до крајот на мечот за конечна победа од 44-33.
Кулеш, Вагнер и Црноглавац постигнаа по шест гола за Партизан, најефикасен кај Фуксе беше Гидсел со девет гола, Гондал постигна осум.