Ракомет

Парондо: Знаевме дека ќе биде тешко, Вардар одигра со цела енергија

Парондо: Знаевме дека ќе биде тешко, Вардар одигра со цела енергија

Мелсунген си замина од Скопје со реми (26-26) против Вардар, а тренерот на германскиот тим, Роберто Гарсија Парондо, беше задоволен од освоениот бод, кој беше доволен за неговиот состав да го обезбеди второто место во групата и пласман во главната рунда од Лигата на шампионите.

Германците заедно со Висла ќе продолжат во елитното натпреварување, додека Вардар и Нант настапот ќе го продолжат во Европската лига.

По натпреварот во Скопје, Парондо истакна дека неговиот тим бил свесен за тежината на гостувањето и енергијата со која Вардар ќе влезе во дуелот.

„Нерешениот резултат беше тоа што ни требаше. Бевме сигурни дека Вардар ќе одигра со цела енергија. Овој меч беше важен за клубот. Знаевме дека ќе биде тешко, не го одигравме најдоброто, благодарност до играчите. Првата фаза во Лигата на шампиони беше тешка, имавме многу повредени играчи, денеска игравме без пет ракометари. Тешко е да се игра во Бундеслига и во Лигата на шампионите. Многу сме горди што успеавме да се пласираме во главната рунда“, изјави Парондо.