Фудбал

Паника во Шпанија: Јамал не тренираше со екипата

Паника во Шпанија: Јамал не тренираше со екипата

Крилниот фудбалер бил забележан со завој околу ногата, и не тренираше со останатите соиграчи. Дали ќе стигне да се опорави за финалето?

Драма во шпанскиот национален тим пред големото финале во недела. Ламин Јамал не тренираше со тимот, три дена пред финалето.

Јамал бил забележан со врзана нога како резултат на големите битки со француските репрезентативци во полуфиналето пред два дена. По еден дуел со Дињ, Шпанија доби пенал по кој го постигна првиот гол на натпреварот.

Сепак, според шпанските медиуми, крилниот фудбалер на Барселона ќе биде подготвен за да заигра во финалето против Аргентина.

Но, Јамал не е единствениот кој денеска го пропуштил тренингот со екипата. Надвор од „строј“ беше и десниот бек Педро Поро, кој беше стрелец на вториот гол во полуфиналниот меч. Тој не тренираше со екипата поради замор, а се очекува да биде подготвен и тој за настап.

Големото финале се игра на стадионот „Мет Лајф“ во Њујорк, а Шпанците ќе мора да се навикнат на високата влажност присутна во таа област во текот на овие три дена.