Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди составот на Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, а меѓу избраните клубови повторно се најде и македонскиот шампион Вардар.
„Црвено-црните“ добија специјална покана, односно „вајлд-карта“, со што нивното барање за настап во најсилното европско клупско натпреварување беше прифатено. Иако титулата во Македонија им обезбеди место во Европската лига, во Скопје посакуваа враќање меѓу европската елита, а ЕХФ даде зелено светло за тоа.
Вардар е еден од најпрепознатливите клубови во европскиот ракомет во последната деценија и двапати ја освои титулата во Лигата на шампионите, во 2017 и 2019 година. Токму богатата историја и реноме на клубот беа меѓу главните адути во трката за специјалната покана. Последниот настап на скопскиот тим во Лигата на шампионите беше во сезоната 2021/22. Тогаш Вардар ја мина групната фаза, но во елиминациската рунда беше запрен од унгарски Веспрем.
Со оваа одлука на ЕХФ, македонската публика повторно ќе има можност да ги гледа најголемите европски клубови во СЦ „Јане Сандански“.
𝗧𝗛𝗘 𝗠𝗘𝗡’𝗦 𝗟𝗜𝗡𝗘-𝗨𝗣 𝗜𝗦 𝗧𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚 𝗦𝗛𝗔𝗣𝗘 🔥 The EHF Champions League Men expands to 24 teams for 2026/27, with 13 upgrade requests confirmed.
— EHF Champions League (@ehfcl) June 22, 2026
Next stop: the group phase draw 👀
📅 26 June
🕚 11:00 CEST #ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/C7YxVOeZgs