Реклама
Arena Sport
Фудбал

Пак со пресврт: Интер со голови во судиското продолженија ја победи Фиорентина! (ВИДЕО)

Пак со пресврт: Интер со голови во судиското продолженија ја победи Фиорентина! (ВИДЕО)

Нероазурите добија уште еден натпревар со пресврт во Серија А оваа сезона, овојпат губеа од Фиорентина и победија со 2-1.

Интер освои 13 бодови оваа сезона во натпревари во кои имаше негатива.

Реклама
Arena Sport

Овојпат Фиорентина прва се израдува во Милано, Хименез во 65. минута постигна фантастичен гол од далечина за водство на виолетовите од 1-0.

Течеше 91. минута кога Тирам погоди за израмнување на 1-1 и ја врати надежта на Интер дека може да се дојде и до победа.

Неколку минути подоцна судијата свирна пенал за Интер, Зиелински постигна гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Реклама
Arena Sport