Шпанскиот весник „АС“ пишува дека една од големите ѕвезди на Реал Мадрид ќе стави потпис на нов договор со шпанскиот клуб.
Станува збор за Арда Ѓулер кој наводно се договорил со раководството за продолжување на договорот до јуни 2032 година.
Договорот наскоро и официјално ќе биде објавен.
Арда ја прифатил понудената понуда и сите услови биле договорени меѓу двете страни.