Ракомет

Охрид ја наполни мрежата на Мулти Есенс и продолжи со победите во Суперлигата!

Охрид ја наполни мрежата на Мулти Есенс и продолжи со победите во Суперлигата!

Ракометарите на Охрид стигнаа до петтата победа во македонската Суперлига, откако славеа на гостувањето кај Мулти Есенс со 42-26 во натпревар од седмото коло.

„Гладијаторите“ уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетниот противник. Гостите ја контролираа играта и на паузата заминаа со комотна предност од осум гола (21-13).

Ниту продолжението не донесе промена на односот на силите. Охриѓани продолжија во силен ритам, ја зголемуваа предноста и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 16 гола разлика (42-26).

Доминик Мате беше најефикасен во победничкиот состав со осум погодоци, додека во редовите на Мулти Есенс Ѓорѓиевски, Ѓокески и Гурмешевиќ постигнаа по четири гола.

Со оваа победа Охрид се наоѓа на четвртото место на табелата со 11 бодови.