Ракомет

Охрид остана без еден од најважните ракометари

Охрид остана без еден од најважните ракометари

Ракометниот клуб Охрид ја соопшти разделбата со најдобриот дефанзивец во тимот, Ориол Реј Моралес кој во новата сезона ќе настапува за полскиот шампион, Висла Плоцк.

Од ГРК Охрид велат дека тие не сакале да се разделат со ракометарот, но тој ја активирал излезната клаузула која била во договорот и решил да замине во Висла.

„ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на нашиот клуб.
Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.
Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“, стои во соопштението на ГРК Охрид.

Охриѓани ќе треба да најдат соодветна замена, шпанскиот ракометар беше многу значајна алка во тимот.