Реклама
Arena Sport
Ракомет

Охрид има одличи шанси за нова европска радост: Најголем фаворит е за трофеј во ЕХФ купот (ФОТО)

Охрид има одличи шанси за нова европска радост: Најголем фаворит е за трофеј во ЕХФ купот (ФОТО)

Ракометарите на Охрид минатата година го освоија ЕХФ Европскиот куп, а македонскиот претставник во овој момент важи и за најголем фаворит повторно да се израдува на овој трофеј.

Имено, според последното рангирање, тимот предводен од Борис Ројевиќ е рангиран на првата позиција пред Берн и Турда. На четвртото место се наоѓа уште еден македонски тим, Алаклалоид. Алкалоид исто така е освојувач на ова натпреварување и тоа само една година пред Охирд.

Реклама
Arena Sport

Во првите десет фаворит се наоѓаат уште екипите на: Олимпијакос, Бешикташ, Островија, Тримо Требње, Војводина и Нербо.

Охрид во второто коло го очекува двомеч против турскиот Спорт Тото, двата натпревари ќе се играат во Охрид на 23-ти и 24-ти октомври од 18:30 часот.

Алкалоид пак на патот го има австриски Келаг против кој првиот натпревар е закажан за в сабота на 17 октомври во Автокоманда реваншот е за седм дена на гостински терен.

Реклама
Arena Sport