Сар ја засили дефанзивата, Волтемаде е засилување во нападот.
Јувентус официјално го потврди трансферот на Папе Матар Сар од Тотенхем. Сенегалскиот репрезентативец во Торино пристигнува на едногодишна позајмица, со можност италијанскиот гигант да го откупи неговиот договор.
Сар ќе биде играч на Јувентус до крајот на јуни 2027 година. За позајмицата „Старата дама“ ќе плати 2,5 милиони евра, а во договорот се вклучени и дополнителни 300.000 евра.
Јувентус има опција да го откупи 23-годишниот играч за 27,5 милиони евра. Доколку биде активирана, сумата ќе биде исплатена во период од три финансиски години.
Во Торино нешто подоцна пристигна и Ник Волтемаде. Голгетерот на Њукасл дојде во Јувентус како позајмен до крајот на сезоната.