Еден од најголемите трејдови во историјата на НБА лигата е официјално завршен во последните неколку часа. Главната ѕвезда на оваа размена е Јанис Адетокумбо кој ја заврши својата епизода во Милвоки Бакс и се сели во Флорида.
31-годишниот џин пристигнува во екипата на Мајами Хит со соиграчот Боби Портис, а во спротивен правец одат Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хајме Хакез Јуниор и Каспарас Јакучионис. Покрај играчите, Милвоки во овој трејд добиваат четири први пикови на НБА драфтот во следните неколку сезони.
Грчкиот ѕвер досега во најсилната кошаркарска лига настапуваше само за Милвоки од 2013 година. Во 2021 успеа да го освои шампионатот, притоа станувајќи и МВП во финалната серија. Два пати стигна до МВП признанието за регуларната сезона (во 2019 и 2020) и 10 пати настапи како Ол-стар.
Екипата на Мајами Хит работеше долго време на овој трејд, а со доаѓањето на Адетокумбо испрати порака до кошаркарската јавност дека ќе напаѓа титула следната сезона.