Сега и официјално, стартот на AdmiralBet АБА лигата е одложен. Првото коло во АБА и АБА 2 лигата нема да се одигра, потврдено е по состанокот на членовите на натпреварувањето, и тоа со 11 гласа „за“ и еден воздржан, кој воопшто не се ни појавил на состанокот.
Натпреварот меѓу Цибона и Будуќност требаше да ја отвори сезоната на 25 септември. Но, тој натпревар, како и сите останати, ќе мора да се одиграат во некој друг термин.
Причина за одложувањето е спорот меѓу раководството на АБА лигата и кошаркарските судии околу исплата на премиите за натпреварите. Арбитрите не отстапуваат од своите барања и немаат намера да судат додека проблемот не се реши.
Од АБА лигата истакнаа дека ќе ја известат јавноста за следните чекори, стои во штурото соопштение.
Opening Round of AdmiralBet ABA League and ABA League 2 Week 1 Postponed
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) September 24, 2026
🔗 https://t.co/pmw0uYVEnb#ABALiga pic.twitter.com/px3GUNTvIy