Фудбал

Официјално: Брајтон потпиша со Лука Вушковиќ – рекорден трансфер

Официјално: Брајтон потпиша со Лука Вушковиќ – рекорден трансфер

Хрватскиот стопер Лука Вушковиќ потпиша договор со Брајтон до 2031 година, во трансфер вреден до 58 милиони евра. Тотнем задржува 20% од идна продажба.

Англискиот премиерлигаш Брајтон официјално го објави доведувањето на хрватскиот дефанзивец Лука Вушковиќ од Тотнем. Вкупната вредност на трансферот може да достигне 58 милиони евра, од кои 53 милиони се плаќаат веднаш, а уште пет милиони се предвидени преку бонуси.

Вушковиќ потпиша договор со „галебите“ до летото 2031 година. Тотнем, пак, ќе задржи 20 проценти од евентуалната идна продажба на играчот.

Дваесетгодишниот стопер во Тотнем пристигна од Хајдук Сплит во 2023 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Хамбург. Таму се наметна со одлични настапи и беше избран во идеалниот тим на Бундеслигата.

Вушковиќ досега има шест настапи за сениорската репрезентација на Хрватска, а на Светското првенство стана најмладиот хрватски фудбалер кој настапил на Мундијал.