Фудбал

Отаменди до Родри: Ти и Лапорт цела недела плачевте за судењето! (ВИДЕО)

Отаменди до Родри: Ти и Лапорт цела недела плачевте за судењето! (ВИДЕО)

По последниот судиски свиреж на финалето на Светското првенство ги немаше вообичаените честитки меѓу поразните и победнците, наместо тоа се случуваа вербални и физички пресметки по целиот терен.

Еден од вербалните дуели беше меѓу Отаменди и Родри.

Додека капитенот на Шпанија им честиташе на аргентинските репрезентативци по победата од 1-0, искусниот дефанзивец на „гаучосите“ му упати остри зборови.

„Помалку зборувај, будало. Цела седмица плачевте. Ти и Лапорт, двајцата. Тоа не се прави. Постојано им се жалевте на новинарите за судиите“, му порача Отаменди на шпанскиот репрезентативец.

Шпанскиот капитен не влезе во понатамошна расправија и се оддалечи без дополнителен коментар. Причина за реакцијата на Отаменди најверојатно биле изјавите на Ајмерик Лапорт во деновите пред финалето, кога шпанскиот дефанзивец јавно зборуваше за судењето, нешто што очигледно не им се допаднало на аргентинските фудбалери.