Фудбал

Онана доживеал сообраќајна несреќа во Турција, веднаш бил пренесен во болница

Онана доживеал сообраќајна несреќа во Турција, веднаш бил пренесен во болница

Голманот Андре Онана во Турција доживеал сообраќајна несреќа по која бил пренесен во болница.

Онана го чува голот на Трабзонспор како позајмен од Манчестер јунајтед, а несреќата според информациите се случила додека тој се враќал од натпревар со своето семејство. Како што се наведува, автомобилот во кој се наоѓал голманот и неговото семејство бил удрен од друг автомобил со голема брзина.

По несреќата дошло и до верижен судир во кој учествувале уште три возила. За среќа според информациите, Онана и сите членови на неговото семејство се во добра состојба без посериозни повреди.