Кошарка

Оклахома ќе му се поклони на Вестбрук: Дресот со бројот 0 заминува во историјата!

Оклахома ќе му се поклони на Вестбрук: Дресот со бројот 0 заминува во историјата!

Оклахома ќе го повлече од употреба дресот на Расел Вестбрук со бројот 0, а свечената церемонија е закажана за 7 февруари 2027 година, пред мечот против Њујорк никс.

Веста ја потврди генералниот менаџер на Оклахома, Сем Прести, кој посочи дека со овој потег сакаат да му оддадат признание на кошаркарот кој остави голема трага во клубот.

Вестбрук помина дури 11 сезони во Оклахома, во период од 2008 до 2019 година, при што ја освои МВП-наградата и осум пати беше избран на Олстар и во најдобрата петорка во НБА-лигата.

Најголем успех на екипата во тој период беше пласманот во финале во 2012 година, кога Вестбрук и Кевин Дурант беа најголеми ѕвезди во екипата.