Тенис

Оже-Алијасим за Ѓоковиќ: Не знам многу за него

Оже-Алијасим за Ѓоковиќ: Не знам многу за него

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим по спектаклот во четвртото коло на Вимблдон и победата над Алехандро Давидович Фокина во пет сета интересно го најави својот следен меч.

На традиционалното интервју на победникот, на прашање на новинарката дали го знае својот следен противник на лондонската трева, Феликс ја насмеа публиката со својот одговор.

„Да, слушнав дека е српски играч, не е толку лош, тоа е се што знам. Не сум информиран многу за него, ќе се обидам да гледам некои видеа и да се подготвам“, саркастично одговори тој.

Подоцна, на пресот за медиумите третиот носител на овој турнир нагласи колку го почитува Ѓоковиќ и се восхитува на неговите рекорди и успеси. Изјави и дека со нетрпение го очекува нивното соочување во четвртфиналето.

Битката за местото во полуфинале помеѓу овие двајца тенисери е закажана за утре, 7 јули со почеток од 12 часот по средноевропско време.