Фудбал

Од Тиквеш велат дека Висдом Окере има уредна медицинска потврда! (ФОТО)

Од Тиквеш велат дека Висдом Окере има уредна медицинска потврда! (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги откри деталите за жалбата на Вардар во врска со неправилен настап на фудбалер на Тиквеш на вчерашниот куп натпревар.

Од црвено-црниот табор го оспоруваат медицинскиот документ на Окере Ебубе Висдом кој беше стартер на мечот. Од Вардар тврдат дека во досието на фудбалерот внесен во КОМЕТ системот на ФФМ, во делот што се однесува на лекарскиот преглед, како медицински документ е приложена спортско-медицинска потврда издадена на име Милош Спасовски, со датум на извршен лекарски преглед 2. јули 2026 година.

Вардар бараат победата да им се додели службено, а Тиквеш да биде исфрлен од Купот на Македонија.

Веднаш стигна реакција од Тиквеш. Тие на социјалните медиуми приложија медицинска белешка со името на Окере Ебубе Висдом, веројатно сакајќи да кажат дека нема никакви нерегуларности.

Кавадаречкиот клуб засега приложи само слика од документот, без детално да ја образложи ситуацијата.