Турнирот во Ријад, е одложен поради неодамнешните воени судири и ракетни напади.
Престижниот егзибициски тениски турнир „Слем на шестмината кралеви“ (Six Kings Slam), кој требаше да се одржи во октомври во Ријад, Саудиска Арабија, е официјално одложен поради безбедносни ризици и неодамнешните воени судири и ракетни напади во регионот.
Организаторите потврдија дека третото издание на овој турнир е преместено за крајот на годината и ќе се одигра во периодот од 27 до 30 декември.
На најбогатиот егзибициски натпревар во светот требаше да настапат најголемите ѕвезди на светскиот тенис, меѓу кои и српскиот ас Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Александар Зверев и други топлати.
Одлуката за одложување доаѓа по зачестените предупредувања за безбедносната ситуација во околината на Ријад, а дополнителен притисок извршија и реакциите на спортската јавност, откако повеќе поранешни тениски шампиони јавно ги повикаа играчите да го избегнат патувањето поради потенцијалната опасност. Новиот термин во декември им овозможува на организаторите да ги обезбедат потребните услови за одржување на овој тениски спектакл.