Македонските одбојкари на традиционален начин, со истурање на вода беа испратени на Европското првенство на кое нашата група ја играме во Бугарија.
Избраниците на Јошко Миленковски од среда ги почнуваат натпреварите на континенталното првенство. Прв противник ни е домашната селекција на Бугарија.
Во нашата група се уште и европскиот шампион Полска, како и Украина, Португалија и Израел.