Реал Мадрид доби лоши вести пред претстојното Ел Класико, откако комисијата на Фудбалската федерација на Шпанија ја одби жалбата на клубот и ја потврди суспензијата од четири натпревари за Винисиус Жуниор.
Бразилскиот напаѓач беше казнет по исклучувањето на натпреварот против Виљареал, кога повлече противнички фудбалер за коса. Дисциплинската комисија му изрече два меча суспензија поради потегот пред црвениот картон, како и дополнителни два меча суспензија поради протестите кон судијата.
„Кралскиот клуб“ се обиде да ја намали казната на Бразилецот, но жалбената комисија не ги прифати аргументите на Реал Мадрид, па така Винисиус нема да биде достапен за игра против Севиља, Барселона, Расинг Сантандер и Валенсија.
Ова е голем удар за „кралевите“ затоа што ќе бидат ослабени за Ел Класико против Барселона, кое е закажано за 25 октомври.