Голманот на ФК Андора, Хесус Овоно кој е и репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, нема да настапи на ноемвриските квалификациски мечеви за Африканскиот куп на нации бидејќи е длабоко потресен од трагичната смрт на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел.
Овоно имаше тежок судар со Мигел, направи фаул за црвен картон, а противничкиот играч подоцна почина.
По настанот Овоно беше мета на жестоки критики на социјалните мрежи по што тој го исклучи својот профил на Инстаграм.
„Ова се најтешките денови во мојот живот. Тешко ми е да ги пронајдам вистинските зборови, а уште потешко ми е да го прифатам она што се случи. Знам дека ќе има многу прашања и со сè што следува ќе се соочам со најголема почит. Но, во овој момент не можам да размислувам за ништо друго освен за Хесус и болката што ја чувствуваме. Почивај во мир, Хесус“, порача Овоно.
Поради целата ситуација тој не е во можност да брани за Екваторијална Гвинеја која застана зад него и порача дека голманот минува низ исклучително тежок период и не да биде на списокот.
Овоно со години е стандарден чувар на мрежата на националниот тим и беше дел од последните три изданија на Африканскиот куп на нации. С