Тенис

Објавен првиот моќен трејлер за документарецот за Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Објавен првиот моќен трејлер за документарецот за Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

Љубителите на тенисот и спортот конечно го дочекаа првиот најавен кадровски преглед за она што се подготвува веќе подолго време. Денеска официјално беше лансиран трејлерот за долгоочекуваниот документарен филм посветен на најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Ова спортско-филмско остварување премиерно ќе биде прикажано на 20 август годинава, а гледачите ќе можат да го следат на популарната стриминг платформа „Амазон Прајм“. Документарецот го носи симболичниот наслов „Новак Ѓоковиќ: Волк во зима“ (Novak Djokovic: A Wolf in Winter).

Дека фановите со право можат да очекуваат врвен квалитет и вистинско ремек-дело гарантира името на режисерот. Зад овој проект стои извонредниот Џејсон Хехир, визионерот кој ја потпиша режијата на еден од најдобрите и најпопуларните спортски документарци на сите времиња – култниот серијал за Мајкл Џордан, „The Last Dance“.