Фудбал

Обложувач уплатил милион долари на победа на Шпанија против Зеленортски Острови

Обложувач уплатил милион долари на победа на Шпанија против Зеленортски Острови

Денеска се случи најголемата сензација на Светското првенство досега, Шпанија не успеа да ја победи селекцијата на Зеленортските Острови, мечот заврши 0-0.

Овој резултат ептен скапо го чинеше еден обложувач. Тој уплатил милион долари за победа на Шпанија.

Коефициентот бил околу 1.085, па потенцијалната добивка му била 1.085.943,48 долари. Сигурно си помислил дека ќе ги заработи најлесните 85.000 долари во својот живот.

Но, наместо тоа, загуби милион долари.