Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дарвин Нуњез, открива дека минал низ пеколен период за време на неговиот престој во Ал Хилал.
Во јануари Дарвин Нуњез беше отстранет од списокот за странци и не играше, тоа се случи по доаѓањето на Бензема во Ал Хилал.
Уругваецот беше прогласен за вишок во тимот и чекаше да минат шест месеци по кои се пресели во Ал-Дирија.
„Беше многу тешко, но секогаш зборував дека по бурата доаѓа сонце. Повторно играм фудбал и среќен сум во моментов. Последните шест месеци кои ги поминав во Ал Хилал беа многу тешки за мене и моето семејство, на никого не би му посакал да помине низ исто искуство“, кажа Нуњез.