Германските медиуми откриваат дека враќањето на Мануел Ноер во репрезентацијата пред Светското првенство предизвикало сериозни несогласувања во таборот на „панцирите“.
Јулијан Нагелсман му ја довери првата голманска позиција на искусниот чувар на мрежата, иако Оливер Бауман беше стандарден во квалификациите. Поради таквата одлука, тренерот на голманите Андреас Кроненберг наводно размислувал да ја напушти функцијата.
Ноер дополнително побарал Јонас Урбиг да биде меѓу тројцата голмани на Мундијалот наместо Александер Нибел, но на крајот бил пронајден компромис со кој Урбиг отпатувал со репрезентацијата, а Нибел останал во официјалниот список.
Германија не го оправда очекувањата на Светското првенство и беше елиминирана уште во осминафиналето од Парагвај по подобро изведување пенали.