Мунир Назрауи, таткото на Ламин Јамал од Барселона, повторно е во центар на внимание поради своето скандалозно однесување.
Шпанските медиуми објавија дека Мунир предизвикал сериозен инцидент на аеродром во Барселона. Тој наводно се скарал со вработена во угостителски објект, по што ја плукнал в лице.
Во конфликтот се вклучил уште еден маж, кој се обидел да ја заштити вработената, но такотот на Јамал физички го нападнал и се обидел да фрли стол кон него.
Засега нема официјална потврда за евентуални пријави против Мунир.