Фудбал

Нов кикс на Манчестер јунајтед против Лидс, Гомез постигна голчиште за Брајтон (ВИДЕО)

Нов кикс на Манчестер јунајтед против Лидс, Гомез постигна голчиште за Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи, откако на гостувањето кај Лидс одигра 1-1 и освои само еден бод во натпревар од Премиер лигата. За разлика од „црвените ѓаволи“, Брајтон имаше фантастичен ден и го декласираше Кристал Палас со убедливи 5-0, додека Борнмут славеше со 2-0 против Сандерленд.

Јунајтед прв зададе удар на гостувањето кај Лидс, откако Мбеумо во 35. минута ја затресе мрежата и му донесе водство на својот тим. Сепак, предноста не траеше долго во второто полувреме, бидејќи Калверт-Луин во 51. минута погоди за 1-1 и ги постави конечните резултат.

Така, Манчестер јунајтед мораше да се задоволи со бод, пропуштајќи ја можноста да стигне до цел плен на незгодното гостување.

Во целосно поинакво расположение е Брајтон, кој приреди вистински спектакл против Кристал Палас. „Галебите“ започнаа фуриозно и постигнаа дури три гола во првите десет минути, а посебно се издвои Диего Гомез со неверојатен погодок од половина терен.

Брајтон продолжи да доминира и во второто полувреме, кога Костулас и Хиншелвуд ја затресоа мрежата за конечни 5-0 и убедлив триумф над градскиот ривал.

На третиот натпревар одигран во истиот термин, Борнмут ги освои трите бода со победата од 2-0 над Сандерленд.