Јувентус им приреди ново разочарување на своите навивачи и вечерва на гости кај Џенова загуби со 2-0.
Домашниот состав натпреварот го реши уште во првиот половина час кога ги постигна двата гола од средбата. Ехилзбуе го отвори резултатот по 12 минтуи игра, а Балданзи во 28-та се погрижи и за втор гол.
Јувентус и во продолжение изгледаше лошо и безидејно во нападот, па така домаќините без некој поголем проблем ја зачуваа предноста и ги освоија бодовите. За „старата дама“ ова беше веќе трет пораз по девет натпревари со кои се наоѓа на осмата позиција, додека Џенова дојде до третиот триум и десет бода на 13-тото место на табелата.
Во вториот натпревар Наполи немаше проблеми и лесно се справи со Монца на гости славејќи со 4-1.
Стрелци за Наполи беа Хојлунд, Политано, Марин и Де Брујне, додека единствениот гол за домашните го постигна Варел. Следното коло кое е за викендот го носи токму дербито помеѓу Јувентус и Наполи.