Денвер со 121-106 победи на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс во меч од подготвителната фаза во НБА, а Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието.
Србинот пак воодушеви со асистенција, овојпат маестрално се снајде и направи атрактивно додавање кое стана вирално на социјалните мрежи.
JOKIĆ BEHIND-THE-BACK DIME 🔥 What a pass from half-court in transition! https://t.co/50f7r35sS4
— NBA (@NBA) October 17, 2026
Што се однесува до неговиот финален скор, постигна 17 поени, имаше осум асистенции и шест скокови, Дончиќ реализираше 15 поени. Најефикасен на мечот беше Мареј од Денвер со 21 поен, а кај Лејкерс најмногу даде Ривс, 19.