Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани колабира на тренинг пред неколку денови, по што беше пренесен во болница. Германските медиуми објавија нови детализ а неговата здравствена состојба во деновите пред да се случи инцидентот.
Белгиецот имал вирусна инфекција, поради која чувствувал слабост и тоа ги загрижило докторите кои го советувале да не оди на работа, односно да земе одмор.
На 23 октомври, по тренингот на првиот тим, Компани останал да ја следи и работата на резервниот состав. Токму за време на тој тренинг му се слошило и колабирал, по што медицинската служба повикала итна помош.
Во медицинскиот извештај се споменува дека Компани имал хроничен недостиг на сон, прекумерно консумирање кафе и нередовни оброци кои допринеле за неговата здравствена состојба.
Германскиот гигант во меѓувреме соопшти дека Компани е под медицински надзор и здравјето на тренерот е приоритет во моментов.