Раководството на Баерн Минхен е загрижено за здравствената состојба на Винсент Компани. Белгискиот тренер веќе неколку дена е во болница, а новите информации покажуваат дека има сериозен проблем.
Компани колабираше минатиот петок на тренингот на вториот тим на Баерн, по што беше пренесен во болница, а докторите сè уште прават испитувања.
Во меѓувреме се појави информација дека Компани го повредил и рамото при падот на тренингот.
Додека Компани е во болница, обврските за првиот тим на германскиот гигант ќе ги преземе неговиот помошник Арон Данкс.