Скандалот со финансиските малверзации што Манчестер Сити ги правел со години се приближува кон својот епилог, а тој воопшто не е поволен за „Граѓаните“. Според пишувањето на „Дејли мејл“, клубот ќе биде казнет со одземање бодови, што би значело испаѓање од Премиер-лигата.
Англискиот гигант се соочува со огромна парична казна, но и со одземање бодови во оваа, како и во следната сезона. Тоа би го спречило експресното враќање на клубот во елитниот ранг.
Речиси сигурно би станувало збор за најголемата казна во историјата на англискиот фудбал. Според информациите од извори блиски до процесот, најизвесното сценарио е Манчестер Сити да добие казна со одземање бодови во актуелната сезона, што би гарантирало испаѓање од Премиер лигата. Дополнително, клубот би бил казнет и во следната сезона, во која би настапувал во Чемпионшип, со цел да се спречи негово враќање во елитата уште следната година.
Така, Манчестер Сити најверојатно следните две сезони ќе ги помине во Чемпионшип.
Сепак, ова не е најлошото сценарио, бидејќи се споменуваше и опција Манчестер Сити да биде исфрлен во Лига 2, четвртото по ранг натпреварување во Англија, кое не е дел од професионалниот фудбал.
Нема сомнение дека ваквиот развој на настаните би имал сериозно последици за самиот фудбал, а особено за Премиер лигата, во која Манчестер Сити е најуспешниот тим во последните 15 години.
Се чека официјалната одлука, но извештаите на вакви релевантни медиуми не даваат оптимистичка слика за Манчестер Сити.