Фудбал

Нова сензација: Зеленортските Острови останаа непоразени и против Уругвај! (ВИДЕО)

Нова сензација: Зеленортските Острови останаа непоразени и против Уругвај! (ВИДЕО)

Втор натпревар, втор бод за хит-репрезентацијата на Светското фудбалско првенство. Овојпат, Зеленортските Острови одиграа одлични 2-2 против силниот Уругвај во меч од второто коло на Мундијалот.

Оваа селекција уште еднаш докажа дека сензационалното реми против Шпанија на стартот не беше чиста среќа, запишувајќи уште еден голем резултат.

Мрежите мируваа до 21. минута, кога Ленин прецизно стрелаше за изненадувачко водство на Зеленортските Острови од 1-0. Ова беше историски гол за оваа репрезентација, прв на Мундијалите.

Сепак, фаворитот брзо се созеде. Со два гола во самиот финиш од првото полувреме, Уругвај преку Араухо и Канобио направи комплетен пресврт.

Во 61. минута, само три минути по влегувањето на теренот, „џокерот“ Варела ја затресе мрежата за 2-2, што на крајот се покажа како конечен резултат.

По две одиграни кола, ситуацијата во групата е крајно неизвесна: Шпанија е лидер со четири бода, по два бода делат Уругвај и Зеленортските Острови, додека Саудиска Арабија има само еден.