Формула 1

Нова победа на Антoнели, беше најбрз и на Спа!

Нова победа на Антoнели, беше најбрз и на Спа!

Младиот италијански возач на Мерцедес, Кими Антонели, ја оствари шестата победа оваа сезона откако мина прв низ целта на трката за Големата награда на Белгија.

Денешната трка имаше драматичен старт откако Џорџ Расел во првиот круг излета откако имаше контакт со Хамилтон кој доби казна од пет секунди.

На половина од трката Леклер излезе на првото место и одредено време беше во водство, но на десетина круга до крајот Антонели го врати лидерското место и го задржа до самиот крај.

Второто место му припадна на Леклер кој се бореше до крајот за победа, место на подиумот имаше и за Макс Ферстапен.

Во топ десет заврија уште и Луис Хамилтон, Оскар Пјастри, Исак Хаџар, Ландо Норис, Габриел Бортолето, Арвид Линдблад и Франко Колапинто.