Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд загуби од Борнмут со убедливи 0-3, овој меч можеби беше и последен на клупата за Мајкл Керик.
Бруно Фернандеш беше на клупата на овој натпревар, веројатно тоа беше одлука на Керик поради изјавата на Португалецот со која ја критикуваше тактиката на тренерот.
Ваквиот потег не донесе ништо добро за Јунајтед, тимот доживеа дебакл на свој терен.
Рајан и Таверние погодија во првото полувреме и ја најавија победата за Борнмут.
Конечните 0-3 ги постави Еванилсон на 20 минути до крајот на натпреварот.
Дали ова беше последен меч на Керик како тренер на Јунајтед, ќе дознаеме наскоро.