Фудбал

Новаци го елиминираше Охрид, Брегалница убедлива против Тетекс

Новаци го елиминираше Охрид, Брегалница убедлива против Тетекс

Денеска се одиграа седум натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, изненадување направи Новаци кој го елиминираше Охрид.

Прволигашите немаа проблем, но елиминација доживеа амбициозниот второлигаш Охрид кој беше фаворит во дуелот со Новаци.

Новаци славеше со 1-0 и го исфрли Охрид од Купот на Македонија.

Брегалница со убедливи 4-1 го победи Тетекс иако тетовскиот тим поведе на овој натпревар.

Шкендија Арачиново со 3-1 славеше на гостувањето кај Детонит Плачковици, најубедлив беше Башкими кој со 5-0 победи кај Коњари.

Скопје триумфираше кај Кожуф со минимални 1-0, со истиот резултат Саса го совлада Шкупи, а Беласица со 3-1 го победи Осогово во Кочани.

За да се комплетира осминафиналето, остануваат уште три натпревари, тоа се Могила – Арсими, Крошу Спорт – Тиквеш и Вардар Неготино – Работнички.