Реклама
Arena Sport
Фудбал

Ниту на Гвардиола не му успеа ова: Мареска постави неверојатен рекорд во Премиерлигата!

Ниту на Гвардиола не му успеа ова: Мареска постави неверојатен рекорд во Премиерлигата!

Предводникот на Манчестер сити, Енцо Мареска се запиша во историјата на Премиерлигата, откако стана првиот тренер кој ги добил првите седум натпревари во англиското првенство на клупата на еден клуб.

Италијанскиот стратег имаше совршен почеток, откако запиша седум победи во првите седум лигашки натпревари. Манчестер сити славеше против Борнмут, Кристал Палас, Ковентри, Манчестер јунајтед, Сандерленд, Ливерпул и Ипсвич.

Реклама
Arena Sport

Мареска на ово начин успеа да го надмине досегашниот рекорд од шест победи по ред, до кој претходно стигнаа Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти и Оле Гунар Солшер.

„Граѓаните“ се лидери во англискиот шампионат со 21 освоен бод, по што следи Арсенал со 15 поени, но „топчиите“ имаат одиграно еден меч помалку.

Реклама
Arena Sport