Вечерва ќе биде доделена најпрестижната индивидуална награда „Златната топка“ за најдобар фудбалер на годината, таа за првпат се одржува надвор од Франција, а тајноста е како никогаш досега.
Главни кандидати за наградата се Хари Кејн, Ламин Јамал и Килијан Мбапе. За разлика од минатите години кога на фудбалерите предвреме им се кажуваше дека ќе ја добијат наградата, овојпат е понаку.
Името на победникот се чува во најстрога тајност, а така ќе биде се додека добитникот не биде прочитан на бината. Победникот ќе дознае дека е добитник на „Златката топка“ во исто време кога ќе дознае и целиот свет.
Церемонијата на доделување на „Златната топка“ почнува вечерва од 21 часот, се одржува во Лондон.