Фудбал

Николов ги расплака своите штипјани!

Николов ги расплака своите штипјани!

Eкипата на Вардар славеше во денешниот натпревар од 10. коло против Брегалница со 1-0 на гостински терен, а херој на „црвено-црните“ беше „детето на Брегалница“, Бобан Николов.

Николов своите први чекори ги направи во Брегалница, но денеска беше на спротивната страна и го постигна единствениот гол на натпреварот. Одлучувачкиот момент дојде во 24-тата минута кога штипјанецот најдобро се снајде во шеснаесетникот и го матираше домашниот чувар на мрежата.

Брегалница во продолжение имаше свои шанси, додека Вардар го одржуваше водството, но не беше на највисоко ниво.

Сепак, тој гол се покажа како доволен за три бода на актуелниот шампион. Вардар сега има 20 бода, исто колку Шкендија и Струга. Струга денеска претходно се радуваше против Шкендија Арачиново, додека Шкендија утре го игра својот дуел од ова коло и тоа против фенерџијата Скопје.