Фудбал

Не се сите среќни во Барселона, има фудбалер кој сака да замине!

Не се сите среќни во Барселона, има фудбалер кој сака да замине!

Барса има перфектен старт на сезоната, со десет победи од исто толку мечеви во сите натпреварувања, но не се сите среќни на „Камп Ноу“.

Информациите велат дека Алехандро Балде сака да ја промени средината.

Тој веќе го известил својот агент Жорж Мендеш да почне да му бара нов клуб.

Левиот бек и изминатово лето беше на излезна врата, но реши да остане и да се бори за место. Но, доби само 12 минути игра, Еспарт и Кансело имаа предност во конкуренцијата за место во тимот, па Алехандро Балде сака да ја промени средината уште во јануари.