Фудбал

Не помогна ниту Мо Салах, па прв „летна“ тренерот на Трабзонспор

Не помогна ниту Мо Салах, па прв „летна“ тренерот на Трабзонспор

Лошиот старт на сезоната беше кобен за турскиот стратег.

Трабзонспор се раздели со тренерот Фатих Теке, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката.

Турскиот клуб не ја започна новата сезона според очекувањата, што на крајот доведе до одлука за промена на тренерската позиција. Трабзонспор во првите три кола од турското првенство освои само четири бода.

Дополнителен удар за тимот беше елиминацијата во плејофот за пласман во Лигата на Европа. Трабзонспор беше елиминиран од унгарски Ференцварош и ќе продолжи во Лигата на конференции.

Интересно, Теке пред само четири месеци го предводеше Трабзонспор до трофејот во Купот на Турција, но лошиот почеток на новата сезона и неуспехот во европските квалификации беа пресудни за неговото заминување.

Трабзонспор летово донесе звучни засилувања, меѓу кои и Мохамед Салах, со што очекувањата во клубот беа значително зголемени. Сепак, резултатите не го следеа квалитетот на тимот, па раководството реши да реагира уште на почетокот од сезоната.