Македонскиот интернационалец Илија Несторовски повторно имаше солиден настап за Славен Белупо, откако помогна со две асистенции за победа (2-1) над Вараждин.
Несторовски во период од само четири минути успеа два пати да им асистира на своите соиграчи, и тоа најпрво на Јосип Митровиќ, а потоа и на Ловро Бановец за целосен пресврт (2-1), откако претходно Вараждин стрелаше преку Јури Таварес.
Искусниот македонски фудбалер потоа доби директен црвен картон во 79. минута, па така мораше предвреме да го заврши натпреварот.
Несторовски оваа сезона во хрватскиот шампионат има постигнато седум голови и две асистенции за Славен Белупо.
Славен Белупо по 11 одиграни меча се наоѓа на шестата позиција со 13 бодови, односно девет помалку од лидерот Хајдук Сплит.