Ливерпул направи пресврт на гостувањето кај Брентфорд и славеше со 1-2 во натпреварот од седмото коло во Премиер-лигата, а еден несекојдневен инцидент помина речиси незабележано во јавноста.
Имено, еден маж шутнал рагби-топка од покривот на зграда во близина на стадионот „Комјунити“, ја префрлил оградата на спортскиот објект и таа завршила многу блиску до теренот.
За среќа, топката не погодила никого, ниту го прекинала натпреварот, бидејќи во тој момент „пчелите“ напаѓале на половината на гостинскиот тим.
Иако на прв поглед инцидентот изгледа безопасно, надлежните органи во Англија сериозно го сфатиле случајот. „Скај“ објави дека раководството на Брентфорд соработува со полицијата во истрагата, а работата на истражителите би можела да им биде олеснета бидејќи лицето на мажот јасно се гледа на снимката.
Во меѓувреме, Ливерпул го очекува натпревар од Лигата на шампионите против Виљареал во вторник, со почеток во 21 часот, а потоа и дуел против Брајтон во недела од 15 часот. Двата натпревара ќе се играат на „Енфилд“.
Брентфорд, пак, во истиот термин во Премиер лигата ќе му гостува на Хал.