Фудбал

Немири во Франција по елиминацијата од Мундијалот! (ВИДЕО)

Немири во Франција по елиминацијата од Мундијалот! (ВИДЕО)

Поразот на Франција од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство предизвика немири во неколку француски градови, а најтензично беше во Париз и Лион.

Според француските медиуми, веднаш по последниот судиски свиреж избувнале судири меѓу дел од навивачите и полицијата. Демонстрантите фрлале разни предмети, по што безбедносните сили интервенирале за да ја стават ситуацијата под контрола.

Во нередите биле уапсени околу 150 лица, а улиците во одредени делови од Париз и Лион биле целосно блокирани поради големото полициско присуство. Насилството следуваше по елиминацијата на „триколорите“, кои во полуфиналето беа поразени од Шпанија со 2-0.