Убедливи победи на фаворитите на натпреварите од 1/16 финалето на Купот на Македонија.
Струга ТЛ со убедливи 10:1 триумфираа над Победа Валандово и се пласираа во 1/8 финалето на Купот на Македонија. Победникот беше решен во првиот дел од натпреварот, кога беше 7:0 по првите 45. минути, а потоа во вториот дел стружани само ја довршија работата.
Пелистер со 6:1 го совлада тимот на Студеничани, а стрелци за Пелистер беа Марко Стојилевски, Алек Сиваков, Кире Стојанов, Мартин Талевски, Јаков Пресилски и Петар Љамчевски.
Уште поневеројатна победа издвојува тимот на Македонија ЃП, која со убедливи 0:14 го совлада составот на Влазерими.
АП Брера од Струмица на гостувањето во Неготино, постигна осум голови.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/16 ФИНАЛЕ
Победа В. – Струга ТЛ 1:10
Студеничани – Пелистер 1:6
Венец Неготино – Брера 0:8
Влазерими – Македонија ЃП 0:14