nekategorisano

Неверојатниот Дончиќ со 45 поени го предводеше Лејкерс до победа над Торонто

Неверојатниот Дончиќ со 45 поени го предводеше Лејкерс до победа над Торонто

Словенечкиот ас одигра уште еден фантастичен натпревар, запиша и 15 скока и шест асистенции, а Лејкерси славеа со 131:125. Торонто во последната четвртина се закани дека ќе направи пресврт, но домаќините сепак ги освоија бодовите.

Лука Дончиќ продолжува да доминира во НБА-лигата. Словенечкиот кошаркар одигра уште една извонредна партија и со 45 поени ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 131:125 над Торонто Репторс, чиј тренер е српскиот стратег Дарко Рајаковиќ.

Дончиќ за 35 минути на паркетот запиша и 15 скока, шест асистенции и пет украдени топки. Од поле погоди 12 од 23 обиди, вклучувајќи осум тројки, продолжувајќи ја импресивната серија на почетокот од новата сезона.

Словенецот испиша и статистичка историја, станувајќи првиот кошаркар во модерната ера на статистиката кој во едно полувреме успеал да забележи најмалку пет украдени топки, пет погодени тројки и пет скока.

Лејкерси во текот на натпреварот имаа и огромна предност од 26 поени, но гостите не се предадоа. Торонто одигра одлична последна четвртина, во која постигна дури 43 поени, па во завршницата успеа да ја намали негативата на само пет поени.

Сепак, тренерот на домаќините Џеј-Џеј Редик во вистински момент повторно ги врати најдобрите кошаркари на теренот и спречи целосен пресврт.

Покрај Дончиќ, во победничкиот состав се истакна Остин Ривс со 19 поени, додека Вокер Кеслер имаше дабл-дабл учинок од 16 поени и 15 скока.

Кај Торонто најдобар беше Скоти Барнс со 29 поени, додека Ар-Џеј Барет додаде 22 поени и 10 скока. Џејмисон Батл постигна 20 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Голден Стејт – ЛА Клиперс 124:112
ЛА Лејкерс – Торонто 131:125