Играчот од средниот ред на новиот светски првак Фабијан Руиз е уникат во фудбалот. Зад неговото име се неверојатни бројки.
Некои играчи сонот им е да заиграат во селекцијата, да соберат 50, 100 настапи за својата татковина. Но, што ако кажеме дека постои играч кој досега собра 50 настапи за шпанската селекција, и во сите тие натпревари нема ниту еден пораз! Да, добро прочитавте, постои таков фудбалер, а тоа е Фабијан Руиз!
Фудбалерот од средниот ред го одигра својот 50-ти натпревар за Шпанија во финалето против Аргентина, и натаму нема пораз.
Шпанија е во неверојатна серија од 38 меча без пораз, а кога беа поразени, тогаш Руиз не беше на теренот. Играчот од средниот ред е навистина среќен за „Фуријата“.