Полскиот судија Бартош Франковски ќе биде дел од судиската екипа на натпреварот меѓу Линколн Ред Импс и Хајдук Сплит, но неговото назначување привлече внимание поради скандалот во кој беше вмешан пред две години.
Во август 2024 година, Франковски и неговиот колега Томаш Мусијал беа приведени во Полска, откако во алкохолизирана состојба украле сообраќаен знак.
Инцидентот се случил непосредно пред нивниот планиран ангажман во ВАР-собата на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Динамо Киев и Ренџерс. Поради случувањата, двајцата судии биле отстранети од дуелот во елитното натпреварување.
Европската фудбалска унија (УЕФА) имаше и постапка против нив и ги суспендира до 30 јуни 2025 година.
Франковски во меѓувреме се врати на европската сцена, а сега ќе ја извршува улогата на ВАР-судија на дуелот од третото коло во Конференциската лига меѓу Линколн Ред Импс и Хајдук.