Португалскиот тренер Жозе Мурињо стана специјалист за прекинување на серии на противниците, откако во изминатиот период со Реал Мадрид стигна до победи против екипи кои имаа импресивни серии без пораз.
Мурињо успеа да ја прекине серијата од шест месеци без пораз на Интер, а потоа настрада и Рома која пет месеци не знаеше за пораз. Реал славеше против „нераѕурите“ на 8 септември со 2-1, додека против екипата од Рим на 14 октомври со 4-3.
Ништо подобро не поминат ниту Барселона, чија серија од 17 месеци без пораз на домашен терен беше прекината во „Ел Класико“. Реал Мадрид го доби дербито со 2-1 на 25 октомври.
На листата се најде и Расинг Сантандер, откако „кралскиот клуб“ славеше на гостувањето со убедливи 3-0 на 1 ноември.
Во меѓувреме, екипата на Мурињо се наоѓа во одлична форма и има дури шест триумфи по ред во сите натпреварувања.